„ФИФА 19“ секаде ќе ја купите со насловна од Ронало, освен во Наполи! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, е во центар на внимание во Италија по неговото пристигнување.

Сепак, колку и да е голема ѕвезда, Роналдо не е посакуван во Наполи, а тоа може да се види и по „ФИФА 19“.

И додека ширум светот се купува „ФИФА 19“ на чија насловна страна е Роналдо, во Наполи се продава со ликот на Лоренцо Инсиње.

Инсиње е капитен на Наполи и еден од најмилите играчи на навивачите во тој дел од Италија.