Неочекувано име на радарот на Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот од одбраната на Ливерпул, Дејан Ловрен е меѓу кандидатите за трансфер во редовите на Барселона.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека од клубот бараат алтернативи за Томас Вермален и Самуел Умтити кои подолг период се надвор од теренот поради повреди.

Се шпекулира дека од таборот на Каталонците покрај Ловрен се заинтересирани за уште еден Балканец и тоа Бранислав Ивановиќ.