Борбата може да почне: ПСЖ ќе го продаде Нејмар за „само“ 200 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар минатата година се пресели во ПСЖ од Барселона за неверојатни 222 милиони евра и го урна светскиот рекорд и стана најскап играч во историјата.

Сепак, Нејмар не е задоволен во ПСЖ бидејќи се наоѓа во сенка на младата ѕвезда Килијан Мбапе, па сака да си замине од Париз.

„Многу се шпекулира дека Нејмар сака да се врати во Барселона, но ние сакаме да порачаме дека тоа нема да се случи“, соопштија Каталонците.

Сепак, тоа не треба да го загрижува Нејмар бидејќи за него интерес покажува Реал Мадрид, кој не би имал проблеми да плати 200 милиони евра за неговите услуги.

Инаку, Нејмар доминираше во ПСЖ, откако во 41 настап во француската Лига 1 постигна дури 39 погодоци.