Форс Индија потврди: Перез останува во екипата! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Форс Индија, Серхио Перез, ќе остане во екипата и наредната сезона, а тоа го потврди тимот на Форс Индија.

Иако во првата половина на септември Форс Индија објави дека не е сигурна дали ќе остане Перез, поради промената на сопственикот, сега беа решени сите дилеми.

„Многу сум среќен што конечно можам официјално да ја потврдам информацијата за моето останување во екипата на Форс Индија и наредната сезона. Тоа е мојот дом од 2014. година и ми даде многу во моето развивање како возач“, кажа Перез.

Мексиканецот во моментов е седми во генералниот пласман со 53 бодови, колку што имаат Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг.