Челси нема повеќе трпение, Мората заминува од „Стемфорд бриџ“!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челси игра фантастично сезонава, па со 20 освоени бодови се наоѓа на врвот на Премиерлигата, каде што го дели првото место со Манчестер сити и Ливерпул.

Шпанскиот напаѓач одигра 59 натпревари за „сините“ до последните година ипол. Меѓутоа, Мората постигна само 18 голови и тоа е премалку.

Наводно, тренерот Маурицио Сари не го сака повеќе Шпанецот во екипата, па почна да бара нов напаѓач, кој ќе се обиде да го ангажира во јануари.

Како замена би требало да пристигне напаѓачот на Џенова, Криштоф Пјатек, кој игра фантастично на почетокот на сезоната во Серија А и постигна дури 13 голови во осум натпревари.