Играчот кој беше подзаборавен го продолжува договорот со Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ ќе го продолжи договорот со клубот по одличниот старт на сезоната.

29 годишниот фудбалер од офанзивата кој минатата сезона ја помина на позајмица во ВБА со своите игри успеа да се наметне на Јирген Клоп и заслужено да заработи нов договор.

Напаѓачот ја прифатил улогата да биде замена на Фирмино и нема да бара трансфер надвор од клубот во јануарскиот преоден рок.

Повремениот англиски репрезентативец вчера го доби признанието за најдобира играч на месецот во Ливерпул.