Баерн нешто спрема, но што? За утре е најавен прес на кој ќе присуствуваат тројцата најважни луѓе во германскиот гигант


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн од Минхен повлече несекојдневен потег и најави вонредна прес конференција за денес со почеток, точно на пладне.

На пресот ќе се обратат претседателот на клубот Ули Хенес, директорот Карл Хаинц Румениге и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ, што само по себе сугерира дека се спрема нешто големо и важно.

Ваквиот тип на прес конференции Баерн ги одржува многу ретко, а досегашните кои биле вака свикани секогаш биле со голем повод – отказ или доведување на тренер, промоција на големо засилување или нешто слично.

Баерн моментално се наоѓа во резултатска криза а се шпекулира дека деновите на моменталниот тренер, Нико Ковач веќе се изборјани и дека е прашање на време кога ќе биде заменет.

Последен пат Баерн ваква пред конференција свика пред година дена, точно на 9. октомври 2017 година кога беше претставен Јуп Хајнкес.

Сигутацијата да биде уште поинтересна, прес конференцијата пред натпреварот со Волфсбург е закажана за во 11 часот, а новинарите ќе останат до 12, па ќе ги чекаат моментално најважните луѓе во Баерн.