Британскиот Дејли Мирор тврди: Арсен Венгер нов тренер на Баерн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челниците на Баерн Минхен денес свикаа нова прес конференција која предизвика лавина од коментари.

Љубителите на фудбалот почнаа да претпостаувват и да шпекулираат шо ќе се случува денес, а многу сметаат дека Нико Ковач ќе добие отказ.

Сепак, британски Дејли Мирор оди чекот понатаму и наведува дека ќе биде објавено и името на новиот тренер, а тоа би требало да биде францускиот стручњак Арсен Венгер.

Да потсетиме, Венгер е без работка откако минатата сезона го напушти Арсенал, а пред неколку дена изјави дека има намера да се врати на тренерската работа на почетокот од наредната година.

Сепак, се чини дека Баерн може да го убрза тој процес и веќе на средината на октомври да го именува Венгер како нов тренер.

Прес конференцијата е закажана од 12 часот на пладне.