Барселона нема намера да го врати Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Барселона немаат намера да го вратат Нејмар кој пред година и пол направи трансфер во ПСЖ.

Ова го потврди потпретседателот на клубот, Жорди Кардонер кој ги негираше написите во медиумите дека се подготвени да го вратат Бразилецот на Камп Ноу.

Во јули 2017 година ПСЖ го сруши трансфер рекордот и плати 198 милиони фунти, а сега излегоа шпекулации дека Барселона за истата сума ќе го врати во своите редови. Сепак од тоа нема ништо и барем засега, Нејмар ќе остане на „Паркот на принцовите“.