Клоп потврди дека Фабињо е блиску до деби во Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Летното засилување на Ливерпул, Фабињо никако да заигра во Премиер Лигата иако е здрав и може да игра.

По доаѓањето од Монако, Фабињо ретко добива шанса од германскиот тренер кој конечно објави дека наскоро играчот ќе добие шанса да заигра во Премиер лигата.

-Блиску е до неговото деби. Никогаш не беше многу далеку со формата, но мора да се навикне на поинакви работи. Сум имал вакви ситуации многу чест  и не ми се верува дека Илкај Гундоган не играше година и половина во Борусија Дортмунд. Единствена разлика беше што тој беше млад играч и никој тогаш не зборуваше за тоа- коментираше Клоп.