УЕФА без милост спрема Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесе британски Скај Спортс, Манчестер Јунајтед е казнет од страна на европската куќа на фудбалот поради каснење на натпревар во второто коло од Лигата на шампионите против Валенсија на 2. октомври.

Работите да бидат уште поинтересни, овој меч беше одигран на „Театарот на соништата“, а како оправдување наевоа дека упаднале во голема гужва и затоа задоцниле.

Цифрата која Црвените Ѓаволи треба да ја платат на сметката на УЕФА изнесува 13.2 илјади фунти,  околу 15 000 евра. Можеби казната не е голема, но секако дека ова не личи на реномето на клуб каков што е Манчестер Јунајтед.

После две одиграни кола во најелитното натпреварување, Црвените Ѓаволи имаат 4 освоени бодови, а во наредниот натпревар Жозе Мурињо на свој терен го дочекува тимот на Јувентус предводен од Кристијано Роналдо кој остави неизбришлив траг на Олд Трафорд.

Овој натпревар ни ветува вистински спектакл.