ПСЖ триумфираше на премиерата во Лига 1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Избраниците на Унаи Емери ја совладаа екипата на Бастија со 1:0 на стадионот Арман Сизари во Фуриани.

Иако Лека блескаше на голот на Бастија, ПСЖ успеа да дојде до триумф и со три освоени бода тргна во одбрана на титулата во Франција.

Стрелецот на првиот гол во новата сезона, кој воедно беше и победоносен, беше Лајвин Курзава во 74 минута од натпреварот.

Првиот жолт картон во новата сезона во француската Лига 1 го доби фудбалерот на Бастија Каузак во 22 минута од мечот.

Седум минути после тоа ПСЖ имаше шанса, но неговиот удар со убава парада го запре голманот на Бастија.

Се играше 38 минута кога најагилниот играч на Светците во првите 45 минути, Ди Марија, повторно се закани, но Лека уште еднаш беше немоќен, и ја сочува својата мрежа.

ПСЖ ја контролираше играта во првото полувреме, имаше дури 75 % на посед на топка, но тоа не успеа да го материјализира.

На стартот на второто полувреме  голманот на Бастија прво со убаво го пресече центаршутот на Моура, а потоа во 50 минута фантастично реагираше на одличниот удар на Анхел Ди Марија.

Во 65 минута во игра влезе и Шпанецот Хесе Родригез, кој неодамна стигна во клубот од Реал Мадрид.

Во 68 минута се видени и немили сцени на стадионот Арман Сизари, кога Лукаш Моура е погоден со предмет од публиката.

Играта на кратко беше и запрена, со цел да се воспостави ред на трибините.

Се играше 74 минута, кога  Ди Марија го пронајде стариот соиграч од Реал Мадрид Хесе, Шпанецот шутираше но неговиот удар го запре Лека.

За среќа на ПСЖ, на вистинското место се најде Лајвин Курзава, кој ја погоди празната мрежа за водство на ПСЖ.

Бастија на сите начини пробуваше до крајот на дуелот да дојде барем до бод, судијата мечот го продолжи за дури шест минути, но мрежата на Квин Трам остана недопрена.

Бранителот на титулата на најдобар можен начин ја отвори новата сезона, а во второто коло на 21 август, ќе се сретне со екипата на Мец на Паркот на Принцевите.