Реал прави мега-трансфер: Перез нуди своја ѕвезда плус пари за Икарди!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планот на Реал Мадрид за во јануари е да ангажира голема ѕвезда за да се пополни местото кое се отвори по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, а една од желбите на претседателот Флорентино Перез е Мауро Икарди.

Икарди со години е најдобар играч на Интер и постојано се поставува прашањето кога ќе замине Аргентинецот од „Џузепе меаца“.

Реал Мадрид се обидуваше и претходно да го ангажира, а како потенцијални засилувања се споменуваат Килијан Мбапе и Еден Азар, кој се предомисли за преселба во „кралскиот клуб“.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал за Икарди планира да го понуди Лука Модриќ и плус 40 милиони, а ова дефинитивно ќе им се допадне на „нераѕурите“, кои го сакаа Хрватот уште летоска.