Азар конечно „пресече“ и откри каде ќе ја заврши кариерата

0

Ѕвездата на Челси, Еден Азар, во претходните денови се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а исто така кажа дека тоа му било сон уште од дете.

Сепак, денеска се појавија нови информации дека Белгиецот ќе потпише договор со Челси и ќе добива 18 милиони евра по сезона.

А, веднаш потоа се јави и Азар со своја изјава за новинарите и кажа дека може ќе ја заврши кариерата во Лондон.

„Би можел кариерата да ја завршам во Челси без проблем. Задоволен сум во клубот и моето семејство е среќно во Лондон. Ако не отидам во Шпанија, тоа не ме загрижува“, кажа Азар.

Advertisements
Share.