Војната продолжува: Германските медиуми со жесток одговор до управата на Баерн!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Управата на Баерн Минхен вчера во просториите на клубот од Минхен одржаа вонредна прес-конференција на која ја критикуваа германската јавност поради начинот на кој пишуваат за клубот и играчите.

Пред германските новинари вчера се појави Карл-Хајнц Румениге, Ули Хенес и Хасан Салихамиџиќ, кои ги критикуваа германските медиуми дека прават лошо со тоа што ги критикуваат играчите.

Меѓутоа, очигледно Баерн не успеа во својата намера да ги смират страстите. Многу германски портали утрово го критикуваа потегот на раководството на гигантот, па порачаа дека не смеат на таков начин да се однесуваат кон медиумите.

„Новинарите во иднина повеќе не смеат да пишуваат како Баерн има премногу стара екипа, зашто ќе добијат тужба од Румениге и Хенес. Тогаш се надеваме дека ќе може да напишеме дека е престара и управата која го предводи клубот. Тие загубија контакт со реалноста“, пишува „Дер Шпигел“.

Од друга страна многу остро реагираше и германски „Спорт1“.

„Во историјата на Баерн имаше многу прес-конференции за кои се зборува и денес и кои се популарни на социјалните мрежи. Сепак, срамен е потегот на клубот, кој изврши напад на медиумите, поранешните играчи и тренери на клубот“, пишуваат германските новинари.