Англичаните во „војна“: Реал Мадрид ќе го продава Асенсио!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најталентираните играчи во Реал Мадрид, Марко Асенсио, не е задоволен во екипата, па наскоро би можел да си замине.

Асенсио го воодушеви фудалскиот свет со своите потези во „кралскиот дрес“, па многумина очекуваа да добие место во почетниот состав на Реал. Зинедин Зидан не му веруваше премногу, а тоа продолжи и под водство на Хулен Лопетеги.

Веќе некое време се шпекулира дека Асенсио би можел да го напушти Реал Мадрид, иако тоа е незамисливо за навивачите на клубот.

„АС“ пишува дека претседателот Флорентино Перез размислува да го пушти Асенсио во јануари, а наводно бил подготвен да го пушти за 115 милиони евра.

За неговите услуги интерес покажуваат Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челси, кои дефинитивно ќе водат голема битка.