„Постои една голема разлика помеѓу Меси и Нејмар“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез, даде изјава за шпанските медиуми во кои најмногу се шпекулира за враќање на Нејмар во каталонскиот клуб.

Веќе неколку дена се пишува дека Нејмар не е среќен во ПСЖ и дека во јануари ќе се врати во Каталонија, но тешко може да се очекува дека Каталонците сакаат да го вратат назад.

Нејмар го напушти тимот на Барселона поради Лионел Меси бидејќи беше во негова сенка, но не му успеа да стане најдобар играч ниту во ПСЖ, па сака сега да се врати назад.

„Се сомневам дека ќе игра Нејмар повторно за Барселона. Не сака да биде во сенка на Меси и тоа е во ред. Сепак, помеѓу него и Меси постои една голема разлика. Аргентинецот порасна во фудбалска смисла и игра зрело, а од друга страна Нејмар се однесува како дете и мора да порасне“, кажа Чави.