Уште еден тренер кандидат за тренерската клупа во Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид се мачи, а Флорентино Перез ретко простува лоши резултати, па можеби Хулен Лопетеги наскоро ќе добие отказ.

Најмногу се споменува Антонио Конте како нов тренер на Рела, но сега се појави и името на Роберто Мартинез.

Поранешниот тренер на Свонси, Виган и Евертон е кандидат за клупата, според многумина, а сега ја предводи репрезентацијата на Белгија.

Мартинез со Виган го освои ФА-купот и тоа во историското финале го победија Манчестер сити.

Додека беше во Евертон успеа да го однесе тимот до петтото место на табелата и да биде пред Манчестер јунајтед и Тотнем.