Шок на Бернабе: Барди и Леванте со три бода си заминуваат од Мадрид (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид предводен од Жулен Лопетеги продолжува да ги разочарува своите навивачи.

Во деветтото коло од шпанската Примера, Реал Мадрид доживеа шокантен пораз на „Сантијаго Бернабе“ од Леванте со 1:2.

Гостите од Валенсија водеа со 2:0 уште по само 12 минути со головите на Моралес и Роџер. Надежта на Реал ја врати Марсело во 72. минута, но тоа не беше доволно за нешто повеќе.

Целиот натпревар во дресот на Леванте го одигра нашиот репрезентативец, Енис Барди.

По натпреварот Реал Мадрид остана на петтата позиција на табелата, а Жулен Лопетеги дополнително си ја влоши и онака неугодната позиција во кралскиот клуб.