„Заборави го Хабиб и дојди да се бори со мене!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од легендите на УФЦ, Андерсон Силва, му испрати порака на Конор Мекгрегор,  кој и пред дуелот против Хабиб Нурмагомедов, бараше борба со него.

Во интервју за медиумите 43-годишниот бразилски борец кажа дека сака да се бори со Мекгрегор.

„Заинтересиран сум за борба против Андерсон Силва. Ние сме легенди и тоа ќе го направиме за навивачите“, кажа Мекгрегор.

На тој предизвик одговори Силва, кој кажа дека го чека Мекгрегор да одмори од последната борба.

„Го прифаќам предизвикот на Мекгрегор, само чекам да се одмори од последната борба“, објасни Силва.