Обложувалниците го отпишаа Лопетеги: Познати се и кандидатите за нов тренер на Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хулен Лопетеги летово го презема Реал Мадрид, но резултатите не се такви какви што сите очекуваа од него, па сега се соочува со отказ од тренерското место.

Во девет натпревари во Ла Лига во кои ги предводеше како тренер, Лопетеги запиша само четири победи и има по два порази и три ремиња.

Дополнителен проблем е тоа што на последните четири натпревари освои само еден бод, а Лопетеги би можел да добие отказ во наредното коло кога играат против Барселона.

Обложувалниците ги објавија и имињата на тренери кои би можеле да го заменат Лопетеги на клупата на „кралевите“.

Најмал коефициент има Антонио Конте, а следуваат Маурицио Покетино, Арсен Венгер, Гути, Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри.