Тотенхем и Јувентус заинтересирани за напаѓачот на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дон Балон“ пренесува дека од таборот на Тотенхем се заинтересирани за трансфер на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Французинот би можел да си замине од „Кралскиот Клуб“ следното лето по десет години поминати во Мадрид.

Бензема има само пет гола на 12 средби оваа сезона и редовно е мета на критики од навивачите и познавачите на фудбалот.

30 годишниот напаѓач ќе мора да прифати намалување на платата доколку сака да се пресели во тим каде што би играл почесто. Покрај Тотенхем, за него се распрашувал и тимот на Јувентус.