Бомба на „Скај Спортс“: Лопетеги добива отказ од Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите спортски медиуми „Скај Спортс“ пренесува дека од Реал Мадрид веќе донеле одлуката, и отказот на Жулен Лопетеги е многу блиску.

Чашата ја прелеал поразот од тимот на Леванте во текот на вчерашниот ден. Клубот од Валенсија иако беше голем аутсајдер успеа да победи на „Бернабе“ со 2:1.

Следно Реал Мадрид игра со Викторија Плзен од Чешка во Лигата на Шампионите, но се уште не е познато дали на теренот ќе истрча под водство на Лопетеги или на друг тренер.

Останатите медиуми објавија дека Антонио Конте е најсериозен кандидат за наследник Лопетеги.