Икарди во финишот донесе голема победа за Интер на дербито против Милан (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Интер дојде до голема победа во 222. Дерби дела Мадонина откако во судиското продолжение Мауро Икарди го совлада до тој момент неверојатниот Донарума.

Интер ја контролираше играта и создаде повеќе изгледни шанси, но расположениот Донарума не дозволи радост за условно кажано домашниот тим на оваа средба.

Сепак, младиот голман на Милан направи кардинална грешка откако лошо го процени летот на топката упатена од Весино и излета во празно. Топката стигна до Икарди кој без проблем ја смести во мрежата на Милан за голема радост на Нероазурите.

Со оваа победа Интер се искачи на третата позиција на табелата во Серија А и во позитивна атмосфера ќе го дочека натпреварот со  Барселона.