Ибрахимовиќ со нов гол за Лос Анџелес Галакси (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси ја совладаа Минесота со 3:1 и со тоа дојдоа на чекор до обезбедување плеј-оф во МЛС лигата.

Во листата на стрелци за клубот од Лос Анџелес повторно се запиша шведскиот голгетер, Златан Ибрахимовиќ кој во 30.минута ги доведе гостите во водство. Ова беше вкупно 22 гол за Ибрахимовиќ оваа сезона во дресот на Галакси.

Мрежата на Минесота во вториот дел ја погодија и Камара и Алесандрини за високи 3:0 во тој момент. До крајот домаќинот успеа да стигне само до утешен погодок.