На Марсело му е доста од се, тој побарал трансфер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Перез наводно му ја кажал и цената, сега е на потег клубот кој навистина го посакува…

Изгледа дека работите полека се распаѓаат во Реал.

Марсело е играч кој сака да си оди, имено бразилецот според пишувањата на италјанските медиуми веќе ја соопштил одлуката дека после 12 години сака да го напушти Реал.

Се знае и желбата, таму каде го чека неговиот најдобар пријател Роналдо, во Јувентус.

Бјанконерите го посакуваат овој трансфер но наводно Перез барал најмалку 50 милиони евра за играч кој веќе има 30 години, па ќе видиме што ќе одлучи италјанскиот шампион за овој трансфер.

Тие би го продале Алекс Сандро со кој не успеаа да постигнат никаков договор, а чекаат да се опорави Спинакола како би ја засилиле конкуенцијата на левиот бек.