„Нереална“ бомба: Реал Мадрид во јануари го носи Ибрахимовиќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кадена Коуп“ пренесува шокантна вест дека од таборот на Реал Мадрид се заинтересирани во своите редови да го донесат, ни помалку ни повеќе туку Златан Ибрахимовиќ.

Ветеранот со успех настапува во Лос Анџелес Галакси, а веќе се пишуваше дека за него сериозен интерес има од тимот на Милан.

Швеѓанецот би бил краткорочна опција за нападот на Реал Мадрид и би стигнал на „Бернабе“ само како позајмен фудбалер.

Првиот напаѓач на тимот, Карим Бензема никако да влезе во форма и се поизвесно е дека од клубот ќе му донесат замена, а тоа би можел да биде токму Ибрахимовиќ.