Рамос збесна на тренинг, па за малку ќе направеше инцидент, а на крајот се извини (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид игра катастрофално сезонава бидејќи на последните четири натпревари во шпанската Ла Лига освоија само еден бод.

Тренерот Хулен Лопетеги се соочува со отказ, иако кажа дека не размислува за такво нешто и се фокусира на наредните дуели.

Денеска ситуацијата ексалираше на тренингот на „кралевите“, откако капитенот Серхио Рамос имаше контакт со еден млад фудбалер, па збесна и го нападна, по што мораа да го смируваат соиграчите.

Сепак, откако се смирија страстите, Рамос ја призна грешката и се извини за инцидентот, а младиот играч го прифати извинувањето.