Ромањоли: Им поклонивме 75 минути, многу работа е пред нас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бетис славеше во гостувањето над Милан со головите на Санабрија и Ло Целса, додека конечните 1-2 ги постави Кутроне и на овој начин го ублажи поразот на Милан.  Она што е полошо од самиот пораз е тоа што Бетис беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот.

За ова е свесен и дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли.

„Им поклонивме 75 минути, игравме навистина лоши и моравме да одработиме многу повеќе. Веќе во недела мораме да поправиме многу работи. Ова е период во кој многу работи не завршуваат добро. Многу работа е пред нас“, истакна Ромањоли после натрпеварот и поразот од Бетис.

Да потсетиме, Милан беше поразен и минатиот викенд во градското дерби од Интер.