Големиот спектакл припадна на Аргентина, Ночиони уфрли 37 поени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во дербито на Јужна Америка кошаркарите на Аргентина  славеа против Бразил со 111:107 после драма и продолженија.

Бразил и Аргентина ги одмерија силите во четвртото коло на групата Б од олимпискиот турнир во Рио де Женерио.

Предводени од публиката од трибините, Бразилците беа на добар пат да остварат нова победа, но во завршницата се прокоцкаа.

Првата четвртина припадна на Аргентинците, кои славеа со 28:19, додека Бразилците на полувреме водеа со 52:44. Ја одржуваа домаќините предноста во третиот период на играта, па имаа 72:67 водство пред влезот во последната четвртина.

Во самата завршница Ночиони погоди троја за 85:85, а на три секунди пред крајот Хуертас промаши, па се влезе во продолжение.

И после продолежнието, немаше победник. Аргентина имаше напад за победа, но Џинобили промаши.

И тогаш Аргентинците се распукаа во преостанатите пет минути, и стигнаа до победа.

Андрес Ночиони беше одличен во составот на Аргентина, па уфрли 37 поени со 11 скокови.

Кампазо уфрли 33 поени со 11 асистенции, а на другата страна е Нене Хиларио беше најдобар стрелец со 24 поени и 11 скокови.