Формула 1 од 2020. година ќе се вози во – Виетнам!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Виетнамските власти потврдија дека за две сезони во нивната земја ќе се вози трка во рамки на светскиот шампионат на Формула 1.

„Градските власти на Ханој добија право да организираат трка во Формула 1 во 2020. година“, пишува во соопштението на Ханој.

Инаку трката во Формула 1 во Виетнам ќе биде градска трка, а некои делови од трката ќе треба да бидат дополнително изградени.

Во 2019. година шампионатот ќе има 21 трка и нема ниту една измена во однос на оваа сезона.