СЕНЗАЦИЈА НА ПОВИДОК: Светското првенство на Балканот, а Македонија надвор од него?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По сензационалните вести кои ги објавија романските и грчки медиуми, претседателот на Србија, Александар Вучиќ потврди дека Србија сака заедно со Романија, Грција и Бугарија да го организира СП 2030. година.

Претседателот на Србија им го соопшти тоа на медиумите од цел регион во квадрителарниот состанок со премиерите на тие земји во Варна.

„Сакаме кандидатура за СП 2030. година. Идејата беше поттикната од Ципрас, тоа морам да го признаам. Тоа ќе биде прилика да ги унапредиме стадионите и инфраструктурата. Главните против кандидати ни се Уругвај, Аргентина и Парагвај“, истакна Вучиќ.

Тоа значи дека ќе се забрза изградбата на Националниот стадион во Србија, но и реновирањето и изградбата на уште некои спортски објекти кои ги задоволуваат стандардите на ФИФА.

Досега своите кандидатури заеднички ги најавија Аргентина, Уругвај и Парагвај, кои се најголеми фаворити со оглед на тоа ќе биде одбележана стогодишнината од првиот Мундијал во Монтевидео, најави самостојна кандидатура, а Алжир и Тунис заедничка.