Оклахома може да здивне: Вестбрук не е тешко повреден?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одличниот кошаркар на Оклахома, Расел Вестбрук, доживеа тешка повреда на синоќешниот дуел против Њу Орлеанс.

На средината на третата четвртина, Вестбрук незгодно скокна на паркетот и ги искриви зглобот на левата нога, поради што мораше да го напушти теренот.

Иако на снимката изгледаше страшно, првите информации се дека зглобот на Вестбрук е во добра состојба.

По ренгенските прегледи, Оклахома соопшти дека зглобот не е скршен и Вестбрук наскоро се враќа на паркетот.