Федерер призна: Не би можел да си го замислам животот без Мирка!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери во светот, Роџер Федерер, откри зошто на сите турнири ја води својата сопруга Мирка.

Федерер на секој турнир е во придружба на својата сопруга, а дури и своето слободно време го користи за да го помине со неа.

Швајцарецот неколку пати кажа дека Мирка го разбира, односно за него не постои ниту една друга жена, а тоа го потврди и со денешната изјава.

„Не можам ниту да спијам ако мојата сопруга не е во кревет. Мојот сон беше да бидам со неа, а не да спијам во друга соба“, кажа Федерер.

Инаку, Роџер и Мирка се во брак од 2009. година, а заедно имаат четири деца.