Киргијос: Точно е, одам на психијатар… (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралискиот тенисер, Ник Киргијос е познат по честите испади на тениските терени, истакна за австралиските медиуми дека побарал помош од психолог.

„Почнав да се советувам со психолози за да зајакнам ментално“, истакна 23-годишниот Киргијос за дневникот „Canberra Times“.

„Премногу тренирав пред да го направам тоа. Но, така е, почнав, се чувствувам слободен да зборувам за тоа и имам чувство дека немам што да кријам“, додаде тенисерот.

„Морав да се борам со проблемите на теренот и надвор од него“, истакна Киргијос кој беше присилен да ја скрати сезоната по турнирот во Москва поради повреда на лактот.

Киргијос, кој се смета за перспективен тенисер, исто така најави дека во иднина ќе го промени својот календар за да не ги повтори грешките од последните две години.

„Доста работам за да постигнам добра рамнотежа во својот календар, што мислам дека не беше случај во последните две години, кои не можев ниту да ги завршам“, посочи Австралиецот.

https://youtu.be/yyFLXX4D6-0

Сликата која ја одбележа изминатата сезона е неговиот меч против Французинот, Пјер Хугес-Херберт на УС Опен во кој судијата Мохамед Лахијани се симна од своето столче во моментот кога темпераментниот Киргијос губеше со 6:4, 3:0 и му оддржа некој вид на мотивационен говор. Киргијос изгледа како повеќе да не сака да игра и се расправаше со публиката. На крајот пак, направи пресврт.

Иако беше 13. на АТП листата, сега се наоѓа на 37. место, додека титулата прв австралиски тенисер ја има младиот Алекс Де Минаур.