„Не гледам тенис, зашто сите играат исто освен Федерер“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Адријано Паната, шампионот од Ролан Гарос од 1976. година, вели дека повеќе не гледа тенис, зашто не му е интересен.

Паната вели дека го гледа само Роџер Федерер и неколку други италијански тенисери, зашто сите останати играле исто.

„Да бидам искрен, не гледам многу тенис. Понекогаш гледам некои натпревари кои ме интересираат, но има само неколку такви. Освен Федерер и неколку Италијанци, сите играат на ист начин“, кажа Паната.

Федерер и во 38. година е во врвот на тенисот, а во  моментов е трето место на АТП-листата.