Алегри: Заминав во соблекувалната со цел да не гледам што Мурињо прави


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри порача дека е разочаран после синоќашниот пораз во Лигата на шампиони од Манчестер Јунајтед и кажа дека неговиот тим требало да го ,,затвори” натпреварот каде имаше целосна контрола.

Потсетуваме, Јувентус водеше со 1:0 со голот на Роналдо и имаа неколку стопостотни шанси да го решат натпреварот.

,,Ова е разочарувачки процес, бидејќи игравме добро. Мораме да бидеме подобри во завршетокот бидејќи требаше да го затвориме натпреварот кога имавме целосна контрола. Единствен начин преку кој Манчестер можеше да даде гол беше од прекин и тука ја бараа својата шанса. Сепак, ние сме уште први во групата”- рече Алегри кој кратко се осврна и на реакцијата ан Мурињо после средбата.

Потсетуваме дека португалецот после победата ги провоцираше навивачите на Јувентус, а Алегри само кратко искоментира.

,,Не видов што направи. Отидов во соблекувалната брзо како би избегал од сцената”- кажа Алегри.