Роналдињо стигна во Србија, а позната е и причината зошто! (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Роналдињо, допатува во Белград, а медиумите пишуваат дека причината за тоа е соработката со компанијата „Моцарт“.

Во Белград пристигна со голем број телохранители, а иако на аеродромот беше насмеан и добро расположен, сепак изјави не сакал да дава.

Колку ќе остане легендарниот Бразилец во Белград и дали ќе посети и други земји од регионот не е познато.

Роналдињо во својата кариера настапуваше за ПСЖ, Барселона, Гремио, Милан, Фламенго…

Advertisements