Солари скромен: Не можам да барам повеќе од фудбалерите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Привремениот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари им честиташе на фудбалерите за убедливиот триумф против Викторија Плзен во четвртото коло од Лигата на шампиони.

Бранителот на титулата славеше во Чешка со 5-0, а каква игра покажа зборува и тоа што по 40 минути водеше со 4-0.

„Не можам повеќе да барам од фудбалерите. Тие сериозно ја сфатија работата и беа многу добри, па постигнаа прекрасни голови“, кажа Солари.

Аргентинецот го запиша и третиот триумф, а вели дека заслугата за тоа е на фудбалерите.

„Тие го заслужија ова, тие се фудбалерите кои играат на теренот. Ако победиш со 5-0 ќе добиеш аплауз, но секој натпревар е различен, затоа мораме да продолжиме да работиме вредно“, објасни 42-годишниот стратег.