Емери искрено: Лига Европа ни е фокус, сакаме директен пласман во европската елита следната година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Лондон е песна, во Лисабон тага. Во Лондон се зборува за револуцијата на Унаи Емери, во Лисабон пак, смена на тренерот, кому и натаму не му е пронајден заменик. Во Лондон 14 натпревари без пораз, во Лисабон три „нули“ на последните шест натпревари.

Не треба претерано да се должи. Арсенал е апсолутен фаворит против Спортинг во четвртото коло во Лига Европа. За потсетување, „Топчиите“ ги срушија „Лавовите“ во изминатото коло со погодокот на Дани Велбек во 78. минута.

Арсенал за викендот имате потешка работа и го извлече најдоброто се чини. Во спектакуларната средба со Ливерпул, тимот на Емери ги подели бодовите со Ливерпул, додека Лавовите дури по пресврт славеа во домашното првенство.

„Секако дека одиме на победа. Ако добиеме, први сме во групата, што е и целта. Лигата на Европа ни е фокус од две причини. Првата секако е трофејот, а втората е во истиот момент да се квалификуваме во Лигата на шампионите следната година“, не криеше Емери колку е важен вечерашниот двобој со Спортинг.

Уште еден податок кој ја потврдува фаворитската улога е тоа што Арсенал никогаш не загубил од Спортинг.