„Земјотрес“ во Мадрид: Перез заменува еден од најискусните играчи со млад фудбалер!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез подготвува револуција во Мадрид, која ќе ја потресе цела соблекувална, а дефинитивно и ќе ја изненади јавноста бидејќи е тешко да се поверува дека е подготвен на ваков потег.

Перез не е задоволен од своите фудбалери, па еден од нив е капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос би можел да замине од клубот.

Сепак, претседателот подготвил и негова замена, а станува збор за еден од најталентираните дефанзивци во Европа, односно Матијас де Лит од Ајакс.

Перез смета дека кариерата на 33-годишниот Рамос доаѓа кон крајот, па поради тоа ќе ангажира негова замена, но очигледно ќе треба ддобро да се потроши за него.

Реал Мадрид, наводно, ќе плати 80 милиони евра за да ги почне преговорите со младиот стопер, кој би можел да се пресели во „кралскиот клуб“, но дури наредното лето.