Како што се очекуваше: Роналдо повторно не е на списокот на Португалија?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Фернандо Сантос го објави денес списокот на играчи на кои ќе смета во средбата против Италија во рамки на Лигата на нациите.

Како што се очекуваше, на списокот на Сантос по третпат во низа го нема најдобриот Португалец на сите времиња, Кристијано Роналдо кој одлучи да земе пауза до 2019. година.

Списокот на Португалија:

Голмани: Руи Патрисио, Бето, Клаудио Рамос

Дефанзивци: Соарес, Кансело, Фонте, Нето, Рубен Диас, Руи, Гиериро.

Играчи за врска: Андре Гомеш, Бруно Фернандеш, Данило Переира, Жоао Марио, Пизи, Ренато Санчес, Рубен Невес, Вилиам Карваљо.

Напаѓачи: Бернардо Силва, Брума, Гуедеш, Рафа, Андре Силва, Едер.

За потсетување, средбата помеѓу Италија и Португалија на распоредот е на 17. ноевмри.