Јувентус во јануари ќе пазари во Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Јувентус во јануари ќе испратат понуда за играчот од средниот ред на Тотенхем, Мусе Дембеле.

Јувентус има неколку одлични играчи во средниот ред, но повеќето од нив долго време се надвор од терените поради повреда. Емре Чан и Сами Кедира имаат големи проблеми со повредите, па Алегри често останува само со тројца фудбалери во средниот ред.

Токму затоа од Јувентус планираат да го донесат Белгиецот во јануари и тоа за симболична сума со оглед на фактот што неговиот договор со клубот истекува во јуни 2019 година.