Хирвинг Лозано посакува трансфер во Премиерлигашки тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот играч на ПСВ Ајндховен, Хирвинг Лозано посакувал трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед.

Ваквите вести ги објави англискиот медиум „Сан“ кој пренесе дека 23 годишниот фудбалер преферирал трансфер меѓу „Ѓаволите“ наместо да се пресели во Барселона или друг европски клуб.

Мексиканецот има договор со ПСВ Ајндховен до 2023 година и сигурно од Манчестер Јунајтед ќе треба да го одврзат ќесето доколку го посакуваат во своите редови.