Фред објасни зошто го одбил Сити за да се пресели во Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот за врска на Манчестер Јунајтед, Фред, даде одговор на прашањето зошто го одбил тимот на Манчестер Сити и се преселил во Јунајтед.

Бразилецот призна дека на маса имал понуди од неколку европски клубови, меѓу кои и таа на Манчестер Сити, но на крајот се одлучил за Јунајтед поради нивниот тренер, Жозе Мурињо.

„Точно е дека имав понуда од Сити, дури и разговарав со бразилските играчи кои играат за нашите соседи. Ме убедуваа да им се приклучам, но на крајот тоа не се случи. Кога стигна понудата од Јунајтед, брзо одлучив дека тоа е вистински потег за мене. Мурињо е голем професионалец и секој фудбалер сака да работи со него затоа што тој е голем победник“ –истакна Фред за „ФорФорТу“.