Фенербахче со Елмас славеше голема победа против Андерлехт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одиграни се првите два натпревари од вечерашната програма од четвртото коло од Лига Европа.

Тимот на Фенербахче со 2:0 славеше против Андерлехт, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути.

Првиот гол за Фенер го постигна Валбуена во 71. минута, додека на 2:0 зголеми Фреј по само три минути игра.

Во вториот натпревар Астана со 2:1 славеше против Јаблонец. Стрелци за домашната екипа беа Педро во 18. минута  и Постников во 88. минута.