Конечно се огласи сопругата на Михаел Шумахер која со години беше недостапна за јавноста


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Славниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер пред пет години доживеа страшна несреќа на скијање и од тогаш па до денес ништо не се знае за неговата здравствена состојба.

Но, по толку години молчење, во јавноста се огласи неговата сопруга Корина. Таа во интервју за германскиот медиум „Бунте“  даде одговор на прашањата за нејзиниот сопруг.

„Сите знаеме дека Михаел е голем борец и дека нема да се откаже“ –започна Корина а потоа ја коментираше песната на германскиот музичар Саша Херченбах која е посветена на Шумахер.

„Сакам искрено да му се заблагодарам на неговото семејство и преубавиот подарок кој ни помогна во тешките моменти. Прекрасно е да примиш такви прекрасни зборови, кои се силна поддршка на нашето семејство“- истана Корина.

Ова е прво појавување на Корина со коментар во јавноста со кој таа сепак не ја потврди моменталната ситуација на нејзиниот сопруг. Се верува дека состојбата на Шумахер за жал не е подобрена.