Поранешната втора тенисерка на ВТА-листата ја заврши кариерата на – 29 години!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полската тенисерка Агнешка Радванска објави дека ја прекинува кариерата поради големи проблеми со повреди.

„По 13 години професионална кариера време е да се збогувам. За жал, повеќе не сум во состојба да ги издржам големите напори. Моето тело ми испраќа пораки кои не смеам повеќе да ги игнорирам“, објасни 29-годишната тенисерка.

Радванска во 2012 година беше второпласирана на ВТА-листата, а тоа е најзин најдобар пласман во кариерата.

Досега има освоено 20 турнири, а уште осум пати во финалињата загубила, па од турнирите заработи повеќе од 27 милиони долари.