Лејкерс до нова победа, Леброн урна уште еден рекорд (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Леброн Џејмс синоќа успеа да урне нов рекорд, односно да стане петтиот најдобар стрелец во НБА-лигата, откако го премина Вилт Чемберлејн по победата на Лос Анџелес Лејкерс против Портланд од 126-117.

Џејмс го предводеше својот тим до нова победа, па постигна 44 поени и сега има 31.425 поени на петтата позиција на вечната листа.

„Кога и да се спомене моето име и се споредува со некои легенди, јас секогаш помислувам на мојот град од каде што дојдов до тука“, кажа Џејмс.

Во 15-годишната кариера, тој освои три титули во НБА-лигата, поточно две со Мајами хит и една со Кливленд кавалирс.

„Чемберлејн е еден од најголемите кошаркари во историјата заедно со Шекил О’Нил. Тој е еден од легендарните кошаркари на Лејкерс. Тој доминираше секаде, а не само на пакертот“, кажа Леброн.