Се огласи агентот на Озил: Срцето на Месјут се одлучи за Арсенал, инаку сега ќе беше најплатениот фудбалер на планетата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Месјут Озил изјави за „Билд“ дека неговиот штитеник изминатата зима одбил мега понуда од Азија да стане најплатен фудбалер на планетата. Екут Согут вели дека германскиот интернационалец таа понуда ја имал на маса пред да одлучи дали ќе го продолжи договорот со Арсенал на 1. февруари, но дека во ниту еден момент не се двоумел.

„Имавме навистина луда понуда. Но, парите никогаш не биле на прво место за Месјут“.

Месјут Озил потоа ќе стане најплатен играч во историјата на Арсенал со 400.000 евра неделно, меѓутоа тоа буквално е „кикирика“ во однос на она што му го понудиле Азијците, односно многу веројатно Кинезите. Бидејќи се работи за цифра од 1.150.000 евра на неделно ниво, или нешто повеќе од 55 милиони евра годишно.

„Бевме слободни да преговараме со другите клубови, бидејќи на Месјут му истекуваше договорот за шест месеци. Сепак, одлучи неговото срце. Ми кажа дека го сака Арсенал, дека сака да остане. И остана. Секако, парите играат голема улога во модерниот фудбал, но важни се и некои човечки особини“, истакна Согут.

Месјут Озил долго беше мета на критика и во клубот и во репрезентацијата, од кој по Мундијалот се прости, меѓутоа оваа сезона игра многу добро и на пат е да се врати во препознатлива форма. На 12 натпревари постигна четири погодоци и забележа една асистенција.